Често поставувани прашања (ЧПП)
Како да нарачам?
Нарачката може да ја извршите директно на нашата веб страна, телефонски на 02/15003 или преку порака на нашите Facebook и Instagram фан страни.
Како да платам?
При вршење на нарачка директно од нашата веб страна сами го бидате методот на плаќање, и тоа:
- Во готово при достава
- Со дебитна или кредитна картичка
- Со Diners клуб картичка
Доколку нарачката ја вршите телефонски опциите за плаќање се:
- Во готово при достава
- Iute Credit
За колку време ќе ми пристигне пратката?
Вашите нарачки за најголем дел од производите се испорачуваат во рок од 3 работни дена од денот на нарачка.
На сите производи на нашата веб страна јасно е истакнато времето за достава, а доколку нарачката ја правите телефонски или преку порака на нашите Facebook и Instagram фан страни, операторите од контакт центарот ќе Ве известат за времето во кое Вашата нарачка ќе биде доставена.
Дали доставувате до сите населени места?
Да, доставата на нашите производи се врши до сите градови, села и населени места на територија на целата држава, до Ваша адреса.
Колку чини доставата и дали е различна за различни градови?
Цената на доставата е во зависност од бројот на производи, нивната големина и тежина.
Цената на доставата автоматски ја пресметува системот кога ја правите нарачката на нашата веб страна, а доколку нарачката ја правите телефонски или преку порака на нашите Facebook и Instagram фан страни, операторите од контакт центарот ќе Ве известат за цената на чинење на доставата.
Цената на доставата е иста на територија на целата држава, без разлика каде се доставува.